Предложен притвор за три лица од кривопаланечко кои спречувале службеници во вршење должност

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поведе постапка против три лица за спречување службеници од Агенцијата за храна и ветеринарство во вршење службена должност.

Осомничените, татко и две негови ќерки, како соизвршители, на втори декември, со сила и сериозна закана спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство со полициска асистенција да постапат по правосилно и извршно решение за спроведување мерки за одземање домашни животни, крупен добиток.

Според информациите од ОЈО Крива Паланка, јавниот обвинител, имајќи ја предвид опасноста од бегство, но и можноста за повторување на делото, до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за сите осомничени за кривично дело: спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.

Според Обвинителството, од нивното однесување произлегува дека и покрај сите досега преземени активности од голем број надлежни државни органи, осомничените сепак подолг временски период го малтретираат месното население и соседите, а сега започнуваат дејствија на спречување и спрема вработени во надлежни државни органи и инспекциски служби од АХВ, како и на униформирани полициски службеници.

Инаку, проблемот со запуштениот добиток што нанесува штета на месното население од реонот на целата општина Крива Паланка е повеќегодишен и за истиот долг временски период институциите спроведуваат различни активности со цел негово трајно решавање.

Добитокот често го попречуваше и сообраќајот на магистралниот пат

Back to top button
Close