Внукот на Зоки Фаци – Виктор Митровиќ, заедно со Филип Ацковски – организираат спектакуларен дочек на Новата година во салата „Борис Трајковски“.

Посетителите ги очекува ноќ што ќе се памети, со дури 18 часа електронска музика, настапи од повеќе познати ДЈ-и, како и уникатна атмосфера што започнува на 31 декември точно напладне, во 12:00 часот, и трае до првиот јануарски изгрев.
Во рамки на настанот ќе има штанд за храна, штанд за тетовирање, како и штанд за ексклузивна гардероба, креирајќи вистински урбан фестивал во срцето на Скопје.

Филип Ацковски важи за еден од најквалитетните техно ДЈ-и во регионот и е сопственик на „Techno Agency“, продукција која брзо се шири низ Европа, Блискиот Исток и Америка.
Познат по своите динамични сетови, прецизна селекција и енергија која безрезервно ја пренесува на публиката, Филип зад себе има бројни клубски настапи, фестивали и интернационални соработки. Овојпат тој ја презема централната улога во најдолгата новогодишна забава во државата.
На сцената ќе му се придружи и Виктор Митровиќ, млад и амбициозен ДЈ кој брзо се пробива на електронската сцена. Познат по својот свеж звук и модерни мелодични линии, Виктор важи за едно од најперспективните нови имиња и дел од новата генерација артисти што ја движи македонската електронска музика напред. Подгответе се за настан што ќе ја крене енергијата на највисоко ниво и ќе влезе во историјата како најдолгиот и најатрактивниот новогодишен дочек во Скопје.






