Ахмети најави протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК обвинети во Хаг за воени злосторства

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети соопшти дека следниот протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Хаг ќе се одржи во Скопјe на 13 декември.

Ахмети истакнал дека протестот ќе започне во 13:00 часот на плоштадот „Скедербег“.

 

– Advertisements –

 

„На 13 декември, почнувајќи од 13:00 часот, ќе протестираме и во Скопјe за да бараме правда и да покажеме поддршка за ослободителите кои неправедно се држат во затворите во Хаг. Планирано е протестот да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопјe“, појаснил лидерот на ДУИ.

Тој ги повикал Албанците да се приклучат на овој протест, со цел, како што рече, да ја демонстрираат чистата борба за слобода и независност.

Ахмети веќе беше учесник на двата големи протести што беа организирани во Приштина и Тирана како поддршка на поранешните водачи на ОВК.

Во Судот во Хаг им се суди на Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими за воени злосторствата извршени на Косово

Back to top button
Close