Барам да ми го вратите мојот мобилен, плаќам на Телеком а немам телефон.Во него ќе видите дека со никој од обвинетите не сум контактирал, побара обвинетиот инспектор Георгиев.
Имам едно барање до ЈО, барам да ми се врати мојот мобилен телефон, затоа што јас друг телефон немам, а го плаќам цело време во Телеком и во мојот мобилен гарантирам и докажано е дека нема никакви доказни материјали бидејќи не сум имал никакви контакти со никого од обвинетите кажа обвинетиот градежен инспектор Огњан Георгиев.
Според обвинението, обвинетиот се терети дека требал да изврши инспекциски надзор по службена должност, да го контролира деталниот план. Првиот клучен факт е дека вакво кривично дело не може да се стори со евентуална умисла, судот неспорно ќе утврди дека вакво кривично дело може да се стори само како невнимание, или од небрежност, бидејќи обвинетиот не можел да биде свесен дека со негово непостапување може да настане кобниот прогон кажа неговиот адвокат во одбрана против делото за кое е обвинет.
Судот ќе утврди дека декоративни биле сите реновирања и не постоел начин обвинетиот да дознае за тоа без да биде известен. За ова има и изработен вешт наод и сведоци од областа на урбанизмот и градежништвото.
Во сите овие години имало контроли над инспекторите и ниту еднаш не е утврден пропуст во нивната работа.
Четврто, обвинетиот не е службено и одговорно лице кое е одговорно за безбедноста на луѓето во дискотеката, наведе бранителот на обвинетиот градежен инспектор.






