Немаше никаква пријава или наредба да извршиме инспекција во „Пулс“, велат обвинетите градежни инспектори

Адвокатите на дел од обвинетите во денешното продолжение за пожарот во т.н. кабаре рекоа дека овластен градежен инспектор може да контролира само кога има пренамена од деловен во станбен простор и обратно, пренесе 360 степени.

Обвинетите во „Пулс“, Огњен Ѓеорѓиев, Љупчо Стаменков и Љупчо Гоцев, како овластени општински градежни инспектори во Кочани не можеле да вршат контроли во „Пулс“ бидејќи за тоа никогаш не добиле налог од општината, како и поради законските ограничувања во дело на нивните овластувања, рекоа нивните адвокати во денешното продолжение за пожарот во т.н. кабаре.

Бранителот на Ѓеорѓиев, адвокатот Зоран Зафировски, рече дека одбраната во четири точки ќе докаже дека делата што му се ставаат на товар на неговиот клиент се неосновани.

„Првиот факт е дека за ваквото крiвично дело (тешки дела против општата сигурност) не може да се докажува вина за непостапување со умисла, туку само за небрежност бидејќи обвинетиот не можел да предвиди дека ќе се случи таква трагедија поради непостапување”рече адвокатот.

Рече дека делото за кое е обвинет неговиот клиент во случајот е застарено.

Дополнително тој кажа дека ќе докажат оти без издаден налог од надлежен орган, во случајот Општина Кочани, тој не можел да изврши вонреден надзор во објектот. Таков налог од надлежните од отворањето на објектот до критичната вечер не бил издаден.

Повеќе

Back to top button
Close