Во гајба со леб најден хероин во затворот „Идризово“

МВР информира дека вчера попладне во 13:35 часот во СВР Скопје од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 07:40 часот, при извршена контрола во ходник во затвореното одделение во установата, во гајба за леб се пронајдени неколку пакувања со кафеава прашкаста материја.
Претпоставките се дека се работи за хероин.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






