Димитриевска-Кочовска: Македонија е на трето место во Европа по раст на БДП

Реалниот раст на бруто-домашниот производ во Македонија во третиот квартал од годинава изнесува 3,8%, рече на денес министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Таа ги цитираше податоците на Државниот завод за статистика и воедно кажа дека во споредба со земјите од регионот и од ЕУ, Македонија е на трето место по раст на БДП. Повисок раст е забележан само во Ирска и Данска.

„Ова претставува дополнително забрзување на економската активност, по растот од 2,9% во првиот и 3,5% во вториот квартал годинава. Притоа, растот од 3,8% е еден од највисоките во последните неколку години. Доколку споредуваме со земјите од регионот, за третиот квартал од 2025 година, растот во Србија изнесува 2,0%, во Црна Гора 3,1%, во Хрватска 2,3%, во Бугарија 3,1%, во Романија 1,2%. Кумулативно, растот во првите три квартали годинава изнесува 3,4%”, рече министерката.

Таа објасни дека главниот двигател на растот во третото тримесечје се бруто инвестициите, кои се зголемени за 30,6%, како резултат на силниот раст на инвестициите во основни средства.

Back to top button
Close