Конгрес на децата на Орбан, велат од СДСМ за вчерашниот настан на ВМРО-ДПМНЕ за реизбор на Мицкоски

Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци организиран од двоецот Мицкоски-Груевски, доби најсилна поддршка од Виктор Орбан инеговата ФИДЕС, велат од СДСМ, во реакцијасо потпис на нивниот антикорупциски тим.
Оттаму прашуваат, што е заедничко за оваа оска освен, како што велат оттаму, големи бизниси, преплетени интереси, моќ и влијание.
„Најсилна поддршка добија од Виктор Орбан и неговата партија ФИДЕС. Тој успешно го крие и го чува Никола Груевски, бегалецот од правдата кој украде 2 милијарди евра и побегна, но се уште ја управува со ВМРО-ДПМНЕ од далечина. Бизниси, кредити, банки, оваа власт е директно поврзана со Орбан. Тоа е дел од вертикалата преку политичките партии, ФИДЕС на Орбан, СНС на Вучиќ во Србија и ДПМНЕ на Груевски и Мицкоски, која со години функционира на иста линија. Што е заедничко за оваа оска освен големи бизниси, преплетени интереси, моќ и влијание? Големите протести во Унгарија и Србија против политиките што се водат ги поврзува токму корупцијата. Во Македонија истата приказна, корупцијата цвета. Секој ден излегуваат огромни скандали како власта пумпа пари од граѓаните преку наместени тендери. Значи се е јасно. Криминалците се штитат едни со други. Тоа го потврди Конгресот на ДПМНЕ“, велат оттаму.

На вчерашниот 18. партиски Конгрес, делегатите на ВМРО-ДПМНЕ го реизбра Христијан Мицкоски за претседател на партијата. Мицкоски застана на челната позиција во партијата во 2017 година, по Никола Груевски. Ова е негов трет и, според партискиот Статут, последен мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
За време на партискиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа во Кавадарци, без емитувани и видео пораки од обраќања на претставници на сестринските партии.
Во видеообраќање и Обран порача дека по долги години опозиција, ВМРО-ДПМНЕ сега стана една од најуспешните политички сили во Европа.
Извор: 360stepeni.mk






