Во Белград протест пред Уставниот суд на кој повикаа судии и обвинители поради притисоци

Група судии и обвинители од цела Србија се собраа попладнево пред Уставниот суд во Белград, во знак на протест против политички притисок врз судството.

Како што најавија претходно, протестот се одржува првенствено затоа што на обвинителка од Првото основно јавно обвинителство во Белград не и беше дозволено да спроведе истрага по инцидент во шаторската населба пред Собранието.

Група судии и обвинители од цела Србија ги повикаа судиите, обвинителите, адвокатите, студентите и граѓаните да протестираат против, како што велат, политичките притисоци врз судството, и поради најавените измени во законот во врска со Обвинителството за организиран криминал.

Голем број луѓе се собраа пред Уставниот суд, каде што протестот започна со интонирање на националната химна.

Судиите и обвинителите се поддржани од граѓани и студенти, а собраните луѓе носат знамиња на факултети, собири на граѓани и дуваат со свирчиња и вувузели.

Back to top button
Close