Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес ВМРО-ДПМНЕ-Агресивноста и заканите повеќе говорат за насилникот, отколку за жртвата

 

Агресивноста и заканите повеќе говорат за насилникот, отколку за жртвата.

Знак на слабост и немање на вистински аргументи е испраќањето на разни ликови кои се закануваат и нарушуваат нечиј мир, не водејќи сметка за туѓите семејства.

На Македонија и треба здрава опозиција која демократски комуницира и ги решава отворените прашања.

Насилството мора да остане во минатото бидејќи ВМРО-ДПМНЕ може да оди напред само со отворена дебата и соочување на фактите.

Да се бара одговорност од раководството и одржување на Вонреден Конгрес е демократски чин. Да се испраќаат разни ликови пред нечиј дом, да се пишуваат вулгарни зборови со говор на омраза, обвинувања без основа, лични навреди, на социјалните мрежи е кукавички и нечовечeн чин.

Апелирам да престане безумието. Не е разумно тоа што го прават овие ликови, а уште понеразумно е тоа што некој помислил дека на тој начин може да се постигне нешто.

Само се жртвуват луѓето за нечија суета.

Да, пријавив закани и тормозење во полиција и ќе продолжам да пријавувам. Насилство нема да толерирам!

Очекувам полицијата да постапи. Мене нема да ме заплашите, ниту ќе отстапам од својот став само дека на ВМРО-ДПМНЕ му е потребен вонреден Конгрес и промени.

Весна Дамчевска Илиевска, член на Иницијативниот одбор

Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес ВМРО-ДПМНЕ

 

Back to top button
Close