Захарова: Русија подготвува мерки во случај на кражба на имот во Европа

Руските власти подготвуваат мерки во случај на кражба на замрзнати руски средства во Европа, а одговорот на таков потег ќе биде суров, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
– Одговорот во такво сценарио ќе биде суров. Рускиот претседател Владимир Путин детално зборуваше за тоа за време на прес-конференцијата на 27 ноември оваа година по неговата државна посета на Киргистан и учеството на самитот на ОДКБ, додаде таа.
– Можам да повторам дека нашата влада развива контрамерки“, изјави Захарова на брифинг за медиумите.
Европската комисија бара согласност од земјите-членки на ЕУ за користење на руски суверен имот за Киев.
Се разгледува износ помеѓу 185 и 210 милијарди евра како заем, кој Украина условно би требало да го врати по завршувањето на конфликтот и во случај на „исплата на материјална штета од страна на Москва“.
Руското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека идејата на ЕУ Русија да ѝ плаќа репарации на Украина е нереална, „бидејќи Брисел долго време е вмешан во кражбата на руски имот“.
По почетокот на конфликтот во Украина, ЕУ и земјите од Г7 замрзнаа речиси половина од руските златни и девизни резерви, кои изнесуваат приближно 300 милијарди евра.
Од ова, над 200 милијарди евра се чуваат во ЕУ, вклучувајќи 180 милијарди евра што ги чува белгиската Евроклеа, еден од најголемите системи за клиринг и порамнување во светот. Европската комисија соопшти дека од јануари до ноември 2025 година, ЕУ префрлила 18,1 милијарди евра од приходите од замрзнатите средства на Русија во Украина.






