Во Шпанија расте бројот на новозаразени со коронавирусот

Во последните 24 часа потврдени се 3.781 нови случаи на коронавирусот во Шпанија, што е за 200 повеќе од претходниот ден, изјави денеска координаторот на службата за итни случаи, Фернандо Симон.

Тој на прес-конференција рече дека во последните седум дена од последици од Ковид-19 починале 132 лица.

Во Шпанија од почетокот на епидемијата се заразени вкупно 419.849 лица.

Back to top button
Close