СП 2026: Неизвесен настапот на Пулишиќ против Австралија

Фудбалерот на САД, Кристијан Пулишиќ најверојатно ќе го пропушти натпреварот од второто коло против Австралија (натпреварот се игра вечерва во Сиетл – 21 часот). Тој се повреди на дуелот со Парагвај и четири дена тренира одвоено од екипата.
Веста ја потврди селекторот на САД Маурицио Покетино, но на прес конференцијата не даде гаранција за негов настап против Австралија.
– Ако не биде подготвен за дуелот со Австралија, ќе биде на располагање за следниот натпревар против Турција, изјави селекторот.
Засега Пулишиќ тренира индивидуално во теретана, со компресивна заштита на повредената нога.
Евентуалното неиграње на Пулишиќ ќе биде голем удар за Американците бидејќи тој беше еден од најдобрите на теренот во победата од 4:1 против Парагвај.






