Aлександар Нацев не бил, како што тврди обвинителството, сопственик на Рубикон. Неговиот адвокат бара демант оти “тоа не било точно“ и му наштетувало во судскиот процес за „Пулс“
Во продолжение објавуваме демант на Александар Нацев

Инаку, во октомври годинава судот во целост го одобри и второто обвинение поврзано со случајот „Кочани“, во кое обвинет е сопственикот на обезбедувањето РУБИКОН, Александар Нацев.
„Обвинителниот акт беше поднесен на 4 – ти септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице – А.Н. кој е осомничен за кривичното дело од чл. 292 ст.2 в.в. со чл. 288 ст.3 в.в. со ст. 2 в.в. со чл. 22 од КЗ, а согласно соопштението на Јавниот обвинител, истиот се јавува како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје.“ беше наведено во соопштението на судот.






