Спречен увоз на над 26 тони пилешко месо од Бразил на граничниот премин Ќафасан

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз.

Станува збор за пратка со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, која по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Како што информираат од АХВ, забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип).

Според ова Решение, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Back to top button
Close