(Видео) Полицаец од Бит-пазар не сакајќи ги одведе колегите до 25 тони пиротехника

Вчера во 8 часот и 35 минути на наплатната станица Градско на автопатот Скопје-Велес, полицијата ги уапсила Н.Р.(41) и И.Р.(41), двајцата од Скопје.

При контрола во товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р., а сопатник бил И.Р. кој бил полициски службеник во Полициската станица Бит Пазар, била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства за кои не поседувале никаква документација, а за кои изјавиле дека припаѓаат на правно лице од Скопје. Подоцна, при преземање на дополнителни мерки и активности, пред магацинот на правното лице пронајдено е уште едно товарно возило натоварено со пиротехнички средства, кое било оставено и напуштено“, велат од МВР.

Денеска, пак, со судска наредба извршен е претрес во магацините на правното лице, при што се пронајдени и одземени над 25 тони пиротехнички средства. Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во координација со ОВР Кавадарци ќе ги преземаат сите мерки и активности за утврдување на сите инволвирани лица и по комплетирање на документацијата ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

facebook
Twitter
  • Follow

 

Back to top button
Close