ТЕРМИНАЛЕН ГРЧ НА БАШИБОЗУКОТ
Додека локалниот трансакциски менталитет, заробен во калта на ситносопственичките калкулации, сè уште мешетари низ теснопартиските интереси; реалполитиката на Вашингтон се чини дека се обидува да дејствува како суров геополитички ДЕФИБЛИЛАТОР.

Дури и врз изнемоштеното ткиво на македонската демократија, замислете.
Имено,
новиот Western Balkans Democracy and Prosperity Act не е само сувопарен правен акт; туку е ПАНОПТИЧКА КОНТОЛНА РАМКА, дизајнирана така, за да може стратешки да го скрши ’рбетот на оската на авторитаризмот што оперира овде, на Балканот.
Оваа оска, мили мои, која функционира како регионален дистрибутер на малигниот илиберализам, наскоро веројатно ќе се соочи со робусен механизам кој повеќе не го признава „суверенизмот“ како легитимно политичко алиби, туку, напротив, него го дефинира како она што навистина е: БЕЗБЕДНОСЕН РИЗИК ЗА НАТО.
Или,
падот на регионалните центри од оваа ЦРНА ОСКА, не е само внатрешна епизода на соседните држави, туку e најава за конечна декомпозиција на хибридните режими во регионот.
И овде, секако!
Затоа и впрочем, кога егзекуторите на овој модел почнуваат да попуштаат под притисокот на сопствената клептократија, нивните локални експозитури во Скопје влегуваат во ТЕРМИНАЛЕН ГРЧ.
Тие се препелкаат. Се пенават. Агресивни се и никакви, пред се.
Со други зборови, американската администрација веќе не практикува фрагментирана дипломатија; таа го третира регионот како интегриран безбедносен простор каде поместувањето на гравитацискиот центар на одлучување не значи деградација на Скопје, туку стратешко опколување на центрите на анти-европскиот отпор. Од „дипломатија на добра волја“ се чини дека ќе има промена кон дипломатија на конкретна коерција (принуда). Па така, наследникот на Агелер, доаѓа да го операционализира овој нов, драконски закон, т.е. новата парадигма, за која зборував погоре.
Мили мои, вистинските непријателски сили на про-европската агенда се јасно мапирани дури и во”новите околнисти”: тоа се структурите кои оперираат со нелиберален источен капитал, маскирани во „национални спасители“.
Се знае надвор дека нивната стратегија е перфидна: институционално заробување преку директен удар врз правосудството. Односно, стртешкиот партнер знае дека актуелниот јуриш врз правосудните органи не е никаква „реформа“, туку класична НЕОПАТРИМОНИЈАЛНА ОКУПАЦИЈА. Јасно е дека инсистирањето на апсолутна контрола врз обвинителската вертикала е само за да се дочепаат до неказнивост на сопствените коруптивни операции, истовремено одржувајќи ја државата во статус-кво изолација за да ја избегнат европската нормативна дисциплина!
И сега, во овој констелациски метеж, улогата на СДСМ е од егзистенцијално значење. Додека ДУИ, преку опасните и ретроградни провокации да го претвара бадентер од редуктивно во апсолутно вето, а со тоа провоцира суспензија на делови од Охридскиот рамковен договор, свесно генерира дестабилизација за да го заштити сопствениот рејтинг, СДСМ останува единствениот кохерентен бранител на унитарноста и евро-атлантскиот пат.
Или, популизмот на власта во спрега со провокациите на ДУИ се само „двете лица на Јанус“ — оти и двете страни се хранат со дестабилизација, додека американскиот закон е тука за да ја сопре таа самоубиствена симбиоза.
Нема мрдање, деугарчиња, sorry.
СДСМ, оправдано предочи дефинирање на поинаков проактивен план: прво, преку најава за формирање на Граѓански фронт. Со тоа излегува од ПАРТИСКИОТ ХЕРМЕНТИЗАМ, и ќе има сериозна задача да врши постојан притисок за имплементација на американските антикорупциски нормативи. Второ, ќе мора и да стиска за бескомпромисен институционален отпор против партизацијата на судството: мора имено да пристапи кон агресивно меѓународно алармирање за секој обид за инфилтрација на партиски послушници во Судскиот совет и Обвинителството.
За разлика од СДСМ, владејачката ДПМНЕ и опозициската ДУИ влегуваат во реципрочна инфлација на националистичка реторика, и со ова де факто СДСМ се профилира како ЕДИНСТВЕНИОТ, во моментов!, автентичен заштитник на државниот интегритет.
Eдиннствен, но и отворен за платформен ангажман.
Патриотизмот на СДСМ, веќе не е и неможе да биде фолклорен екстазис! Туку, реално одговорен патриотизам кој подразбира зачувување на безбедноста и функционалноста на институциите.
Наспроти нив го имаме „кореографскиот национализам“ на ДПМНЕ, кој служи како димна завеса за коруптивни операции, и опасната пироманија на ДУИ.
Најновите провокации на ДУИ за редефинирање на ОРД се класичен пример за етнички инженеринг без реална општествена потреба. Нивната реторика е директен удар врз внатрешната кохезија во моменти кога на државата ѝ е потребна консолидација!
СДСМ тука отвора прозорец на можности да биде разумен еквилибриум. Поточно, да ја операционализира идејата на РЕАЛ ПАТРИОТИЗМОТ. Или,да се биде реален патриот, денес значи да се препознае дека најголемата заштита на македонскиот идентитет и државен суверенитет е членството во ЕУ; да се застане цврсто против секој обид за редефинирање на државата и да се спречи сценариото во кое Македонија станува заложник на две радикализирани малцинства кои ја користат тензијата за личен опстанок.
СДСМ мора децидно да го разобличи овој стриптиз на немуштите обиди за факторизирање.
Вистинската патриотска дејност е токму во запирањето на оваа спирала на дестабилизација.
Исто, СДСМ МОРА ДА ОПСТОИ НА ПАТОТ да ги маргинализира овие лекомислени квази-патриотски сили и да го врати фокусот на она што навистина ја прави една држава моќна: владеење на правото и безбедносна интеграција во западната хемисфера.
И за ова сакам да нагласам дека : секој напад врз уставниот поредок под маската на „правни спорови“( !) е чин на непријателство кон државата!
Конечно, треба да се има во предвид дека рочиштата и санкциите што надоаѓаат се нов инструменти за чистење на теренот од оние кои одбиваат да разберат дека Северна Македонија е НАТО територија, каде анти-западните експерименти завршуваат на буништето на историјата!
Среќно!






