(ВИДЕО) Протестот на работниците под евидентна медиумска блокада
Пред Работничкиот дом во Скопје започна протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија, организиран по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Низ толпата се истакнуваат бројни транспаренти со силни пораки: „За плата се бориме, не се молиме“, „Работниците го хранат капитализмот – тие ќе го срушат“, „Долу капиталот, ослободување на трудот“ и „Власта – слуга на капиталот“
Она што е забележливо е слабата медиумска покриеност на настанот. Новинарот Горан Теменугов објави видео во коа ја критикуваше медиумската несолидарност и игнорирањето на клучнот настан на 1ви Мај.
Тој уште пред да почне протестот објави дека државната агенција МИА вооопшто го нема објавено во настани на денот протестот на работниците а настан број еден за МИА е денешната работна посета на премиерот Мицковски на Охрид на започнување на изградба на катна гаража кај охридскиот пазар.
Дали игнорирањето со минимално присуство на медиумите е заради приватна прослава на 1 мај или сепак е автоцензура со игнорирање на протестот на ССМ кој не е миленик на власта ?!






