Цеков: Ја напуштам ПГ на ЗНАМ и власта, од денеска сум независен пратеник

Миле Цеков ја напушта ПГ на ЗНАМ која е дел од владејчкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ и , од денеска е независен пратеник, потврдува Цеков за ТВ 24.

Тој вели дека во политиката влегол да ја смени политиката а не себе си и дека е незадоволен од многу работи , односно дека промените кои ги олекувал и тој граѓаните не се случуват.

 

“По две години како дел од власта, сакам јасно да соопштам дека од овој момент ќе делувам како независен пратеник кој не е дел од власта.

 

Станав пратеник пред две години за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за криминалот и корупцијата, да се борам за промена на системот, но и да покажам дека има место во политиката за чесни и работливи луѓе. Но, за жал, промените не се случуваат, вели Цеков за ТВ 24

 

Тој не кажува конретно дали власта ја менува со поддршка за опозицијата, но вели отворен е за соработка со сите кои ги делат неговите вредности.

-Не можам да бидам дел од власт и партија што не ги дели вредностите во кои верувам. Денес заминувам од политички субјект што формално е демократски, но суштински не ги исполни очекувањата на граѓаните. Заминувам од политика што не застана зад ветувањата – вели Цеков

Тврди дека во ЕУ може само заштитен идентитет.

-Поддржувам европска иднина, но со јасни заштитени национални и идентитетски интереси. Јазикот, идентитетот и културата се темелот на нашето постоење и тие не се за преговарање- вели Цеков

Back to top button
Close