ОВА НА ДОБРО НЕ ИДЕ“
м-р. Глигор Стоименов
Почитувани, полека заминува една изгубена година на политички план, година на порази на меѓународен план, сега доаѓа она време кога луѓето полека се соочуваат со реалноста!! Секогаш сум бил оптимист и сум гледал накај “сончевата“ страна, но овој пат некако не оди!!
До пред извесно време имавме држава која гледаше светло во тунелот, држава со отворени перспективи во сите правци! Бевме на главната маса секаде каде што можевме да бидеме како мала земја!! Го затворивме спорот со Р.Грција и седнавме на исто столче, рамо до рамо со најсилните земји во НАТО. Го затворивме проблемот со Р.Бугарија со голема помош на нашите пријатели од ЕУ кои ја натераа Бугарија да се повлече од неразумните барања во нивната декларација за Македонија. Добивме отворен пат за почеток на преговорите со ЕУ. Отворен пат за напредок на нашата земја во сите правци, политички, економски, структурален, институционален, итн. Се ни беше дадено на тацна!!!
Во 2024 година дојде на власт политичка гарнитура носена на крилјата на популизмот дека ќе ги спасува Македонците од албанизација и бугаризација и ќе ги направи да бидат “горди“. Но не е само тоа, тие ветуваа и подобри перспективи за оваа земја, ветуваа економски препород, демократија, департизација на институциите, одговорност и стручност, ветуваа ЕУ, силна меѓународна позиција на земјата, абе ветуваа се и сешто!!!
Но што добивме??
Каква иднина за оваа земја, за нашите деца, за сите нас, каква иднина тие ни нудат со оваа политика?? Наместо Брисел ни го понудија Врање и Лесковац, до таму стигнаа!! Не можат ниту до Белград да стигнат затоа што просечната плата во Белград е поголема за околу 300 евра од Скопје, единствено Врање е нешто со што може да се споредуваме. Наместо демократија добивме автократија!! Наместо департизација, стручност и одговорност имаме брутална партизација насекаде околу нас со една кадровска политика која е “куку леле“, едноставно навреда за институциите, нешто што никогаш не се случило до сега во независна Македонија. Наместо економски препород добиваме загрижувачка ситуација, финансиски дупки насекаде, пари нема велат експертите, па каде се парите?? Нема поголеми плати, нема зголемување на минималната плата, абе нема ништо!!! Им велат на работниците да се договорат со работодавачите, ама тие (владата) не се мешале во тоа, ајде молим те!! Знаете кога ќе се договорат, на куково лето!! Ама сме биле трета или четврта економија во Европа по економски раст?? Со ова како да им кажуваат на Македонците “колку сте глупи“!! Експертите и онаа пристојна и разумна јавност се смеат на оваа пропаганда. Со нашиот БДП растот од 3% е дваесет пати помал во реална вредност од останатите земји со кои се мериме и од кои сме нели подобри?? Каква смешна пропаганда човече, па зошто не ги прашаат граѓаните дали се чувствуваат како да се трети во Европа??? Нека ги прашаат?? Оваа приказна за трети во Европа е исто толку точна колку онаа дека Али Ахмети ја растурил Југославија!! Наместо силна меѓународна позиција нашата надворешна политика е за потсмев!! Абе се утнаа на надворешен план! Утнаа со Трамп, утнаа со ЕУ, тотални аматери! Дури и таму кај што не може да утнат и таму утнаа!! Им кажуваат во Брисел дека е невозможно во една таква организација како што е ЕУ некој да ни даде гаранции, овие запнале гаранции па гаранции!! Одат во Брисел и се враќаат повторно со она “гаранцииии“. Џабе трошоци се прават за одење?? Ако не знаат овие од владата, па претседателот на државата како универзитетски професор по политички систем треба да им објасни дека во една организација како ЕУ која претставува сојуз на држави не постои институција или личност што дава гаранции за нешто што ние треба да го сработиме, како што се преговорите!! Не, не вреди, ова нема да го направат, повторно ќе ги слушаме со истите тези, гаранции, идентитет, јазик!! Абе кој веќе ни го бара идентитеот и јазикот?? На кој му треба тоа? Никој не ни го бара идентитетот, јазикот одамна ни е признат во ЕУ, дај земете сработете нешто за иднината на оваа земја, доста е со “лажги со опашки“!!
Почитувани, ова е политика која нема супстанца, нема основи на кои може долго да опстои, не произведува ништо и се потпира само на пропаганда и манипулација. Кога ќе загребете подлабоко се е пропаднато!! Главниот и основниот наратив на кој уште извесно време ќе го лепат гласачкото тело е тоа дека тие се единствените патриоти кои не бранат од другите кои се предавници! Но ова ќе заврши, од тоа не се живее. На народот му треба иднина, му треба подобар животен стандард, уредена држава, демократски институции, департизација, подобро здравство, но тоа нема да го добијат уште долго до колку продолжиме вака!! Овие политики и овој начин на владеење кој јас го нарекувам “али експрес-автократија“, се исто како пирамидални штедилници затоа што го билдаат постојано својот рејтинг со пропаганда и наеднаш преку ноќ може да пропаднат, едноставно не произведуваат ништо. За ова полека стануваат свесни и нивните поддржувачи кои постојано незадоволни нешто шепотат низ ходниците на институциите, нешто као “абе не ја бива работата“! Па им кажав јас дека се многу послаби од екипата на Груевски, веројатно се уверија во тоа.
П.С.Деновиве беа актуелни одредени превирања во опозициските редови. Кај опозицијата во последните два месеци се приметува голема активност која е за пофалба и тоа е опозиција каква што треба да биде! Борбата нема да биде лесна, ќе се јавуваат многу генерали, незадоволници, “петоколонаши“ ќе солат памет, но тоа е составен дел на секоја ваква битка!! Демократската јавност треба да ја поддржи оваа активност и тоа да го пофали, друго нема. Некој можеби сакаше мирна опозиција која нема да ги изнесува во јавност овие скандали од невидени размери до сега во оваа “тендерска Македонија“. Но што е тука е, од позиција на сила се може да правите, па дури и вакви тендери!!
Нека Ви биде среќна и успешна Новата Година!!






