Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица – Валандово

Сите патни правци низ државата се проодни, а намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Струмица – Валандово, информира ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово – Пресека – Ресен – Буково и Крушево, но во моментов не се задржува на коловозот. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи, како што наведува, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурниот телефон 02 25 61 502.

Back to top button
Close