Предлог притвор за две лица – силувале малолетна девојка во липковско, па и барале 20.000 евра за да не објават експлицитни фотографии

Основното јавно обвинителство Куманово ќе поведе истражна постапка и ќе предложи мерка притвор за 2 лица за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 2 во врска со став 1, а едниот од нив е осомничен и за кривично дело – Уцена согласно став 259 од Кривичниот законик.

Првоосомничениот, спротивно на јасно изразена волја, извршил полови дејствија врз малолетна девојка во липковско, а ја принудил на полови дејствија и со второосомничениот.

Потоа жртвата ја уценувал дека наводно ќе објави нејзини експлицитни фотографии доколку не му исплати 20.000 евра.

Девојчето било принудено да зема пари од дома без знаење на родителите и да позајмува од други лица, па во повеќе наврати му ги давала парите на првоосомничениот.

Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени кои се лишени од слобода.

Основното јавно обвинителство Куманово продолжува да презема истражни дејствија. Во интерес на истрагата и потребата од заштита на малолетната жртва, обвинителството апелира за внимателно и етичко известување за настанот, како и користење на официјални извори.

Извор: 4NEWS.mk

Back to top button
Close