МВР: Непознато лице со рака го скршило стаклото на влезната врата на Амбасадата на Р. Бугарија

Од МВР информираат дека денеска било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата на Амбасадата на Р. Бугарија.

-Денеска (11.01) во 15:55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија. Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот.

Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го оштетило стаклото од влезната врата.

На местото на настанот биле преземени соодветни полициски мерки, а надлежните служби работат на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, имформираат од МВР.

Back to top button
Close