Владо Бучковски презема фирма и стана бизнисмен
Поранешниот премиер и специјален владин претставник за олеснување на затегнатите односи со Бугарија, Владо Бучковски, презема фирма и стана бизнисмен.

Професорот по римско право од пред Нова година е единствен сопственик на Хербос Дооел Скoпје, фирма регистрирана на почетокот од 2025 од Ристо Коруноски. Управител е Елисавета Коваческа Коруноска. Регистрираната дејност е трговија на големо со пијалаци.
Булковски ја потврди информацијата и ни рече дека дејноста на друштвото ќе се одвива во рамки на трговија, посредништво и консалтинг, без да изнесе повеќе детали, затоа што како што вели, имало време за тоа
…






