Винисиус на мета на премиерлигаш

Почетокот на преодниот рок (зимски) повторно актуализираше дел од потенцијалните трансфери. Според шпанските медиуми напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е можно да направи трансфер во екипа од Премиер лигата.

Челзи е екипата која е подготвена да понуди 150 милиони евра, а со тоа ова би бил трет најголем трансфер на сите времиња, по премините на Нејмар од Барселона во ПСЖ (222 милиони евра) и Килијан Мбапе од Монако во ПСЖ (180 милиони евра).

Извесен период се зборува за заминување на Винисиус од Реал Мадрид. Често се споменува негово заминување во Саудиска Арабија, но и продолжување на договорот. Сепак за останување во Реал Мадрид во многу ќе зависи и од судбината на тренерот Чаби Алонсо, со кого бразилскиот фудбалер не е добри односи.

Back to top button
Close