Русија уништи голем енергетски објект во Харков

Руските сили уништија голем енергетски објект во Харков, вториот по големина украински град, изјави денеска градоначалникот Ихор Терехов.
Терехов на Телеграм не прецизираше каков објект е погоден, но рече дека итните екипи работат ден и ноќ на терен.
Харков, кој се наоѓа само на 25 километри од руската граница, редовно е цел на дронови, ракети и наведувани бомби во војната која следниот месец влегува во петтата година.
Регионалниот гувернер Олех Синехубов изјави дека локалните власти сè уште се обидуваат да ја проценат големината на штетата од нападот.
Прекините на струја, греење и вода во поголемите градови се влошија во изминатата недела, додека Украина се бори со студен бран кој ја преоптовари веќе ослабената енергетска мрежа.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска изјави дека околу 300 станбени згради се уште се без греење откако во напад на 9 јануари беше уништена инфраструктурата за половина од повеќекатниците во градот.
Русија исто така ги засили нападите врз пристаништата во јужниот регион Одеса. Во ракетен напад денеска е повредено едно лице и се оштетени бродски контејнери во градот Черноморск, изјави заменик-премиерот Олексиј Кулеба. јт/
Фото: Служба за вонредни ситуации на Украина






