ЕАСА ги предупреди авиокомпаниите од ЕУ да не летаат во иранскиот воздушен простор

Регулаторот за авијација на Европската унија денеска преку соопштение ги повика авиокомпаниите на земјите членки на ЕУ да избегнуваат летање во иранскиот воздушен простор.

– Присуството и можната употреба на широк спектар на оружје и системи за противвоздушна одбрана, во комбинација со непредвидливите државни одговори … создава висок ризик за цивилните летови кои сообраќаат на сите височини и нивоа на летање, соопшти Европската агенција за безбедност на воздухопловството (ЕАСА), во извештајот за потенцијалните зони на конфликт.

Во соопштението, кое има советодавен карактер, се наведува дека со постојаните тензии поврзани со потенцијалната воена акција на САД, поради што иранските сили за противвоздушна одбрана се во зголемена состојба на подготвеност, постои зголемена веројатност за погрешна идентификација во рамките на иранскиот воздушен простор.

Back to top button
Close