Трка за Париз: Рашида Дати најави оставка во владата

Рашида Дати, француската министерка за култура и кандидатка за следниот градоначалник на Париз, денес објави дека ќе ја напушти владата пред локалните избори во Париз.

„Денес потврдувам дека ги почитувам сите етички правила. Нема потреба да се грижите, секако дека ќе ја напуштам владата пред локалните избори во Париз. Знам што треба да правам“, одговори Рашида Дати на новинарско прашање за нејзиното присуство во француската влада кога официјално ќе стане кандидатка за градоначалник на Париз, објави порталот BFM TV.

Актуелната министерка за култура не прецизираше датум за нејзиното заминување од владата, тврдејќи дека сè уште треба да брани одредени културни прашања за време на гласањето за буџетот.

На прашањето дали разговарала за својата оставка со францускиот претседател Емануел Макрон, Рашида Дати одговори дека „долго време е во политиката и знае што треба да прави“.

„Примањето на удари не е она што ме плаши во животот“, додаде таа, потсетувајќи дека „до неодамна, не беше некомпатибилно министер да води кампања (за локалните избори)“.

Извор: nezavisen.mk

Back to top button
Close