Чиле погоден од земјотрес со јачина од 5,1 степени

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денес го погоди подрачјето западно од пацифичкиот брег на Чиле, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на море, на длабочина од 10 километри и на 775 километри од градот Пуерто Монт.
Нема веднаш извештаи за повредени или штети. Не е издадено предупредување за цунами.
Извор: nezavisen.mk






