Телефонски разговор Руте – Трамп за Гренланд и Арктикот

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за ситуацијата на Гренланд и на Арктикот.

– Разговарав со Доналд за безбедносната ситуација на Гренланд и на Арктикот. Ќе продолжиме да работиме на ова прашање и се радувам на средбата со него во Давос подоцна оваа недела, објави Руте на платформата Икс.

Трамп изминатите недели се заканува дека ќе ја преземе контролата врз Гренланд, а вчера најави царини од 10 отсто за производите од осум европски земји кои се спротивставуваат на неговите планови за островот.

Back to top button
Close