Хакери ја прекинаа програмата на иранската државна телевизија и емитуваа пораки од престолонаследникот Пахлави

Хакери го прекинале сателитското емитување на иранската државна телевизија и објавија две снимки со пораки од престолонаследникот Реза Пахлави, кој е во егзил.

– Ова е порака до армијата и безбедносните сили. Не го вперувајте оружјето во народот. Придружете и се на нацијата за слобода на Иран, беше објавено од хакерите.

Исто така беше емитувана пораката од Пахлави – „Вие сте национална армија на Иран, а не војска на Исламската Република. Имате должност да ги штитите сопствените животи. Не ви остана уште многу време. Придружете му се на народот што е можно побрзо“.

Активистите за човекови права тврдат дека во протестите во Иран убиени се најмалку 3.219 луѓе.

Тензиите помеѓу САД и Иран и понатаму се високи откако американскиот претседател Доналд Трамп им се закани на иранските власти со воена интервенција ако не престанат да убиваат демонстранти и да не ги погубуваат приведените учесници во протестите.

Таткото на Реза, Мохамад Реза Пахлави побегна од Иран пред Исламската револуција, што се случи во 1979 година. Неговиот син Реза Пахлави на 8 јануари ги поддржа демонстрантите, кои кон крајот на декември почнаа протетси поради вложената економска ситуација, но набрзо прераснаа во антивладини, со барање за промена на режимот.

Back to top button
Close