Младо момче од Косово се удави во езеро на границата со Македонија
19-годишниот Ф.А. од Косово се удави во езерото на Шар Планина, познато како „Големо езеро“, кое се наоѓа во близина на границата меѓу Македонија и Косово, пренесува „ТВ21“.
ТВ21 од извори на МВР, младото момче бил со уште пет пријатели, и заминале во прошетка по планината. Тој влегол да се раздели во езерото, но не знаел да плива, и се удавил, соопштиле неговите пријатели на полицијата.
Екипата на граничната полиција во соработка со Специјалната единица „Тигри“, утрово го извадиле безживотното тело на момчето.
Јавен обвинител, форензичар дошле на местото на настанот и ја констатирале смртта. Не биле пронајдени знаци на насилство.
Се очекува на жртвата да биде извршена обдукција, по што телото ќе биде пренесено во Косово.