Франција бара вежба на НАТО во Гренланд
По повторените закани од американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да го анектира Гренланд, Франција побара вежба на НАТО на арктичкиот остров, објави Елисејската палата.

Франција објави дека е подготвена да учествува во вежбата на НАТО во Гренланд, објави телевизијата БФМ.
Од почетокот на својот втор мандат, Трамп постојано повторува дека сака САД да го анектираат Гренланд, кој е автономна данска територија, наведувајќи безбедносни причини






