Србија повторно не се усогласи со декларации усвоени од ЕУ

Србија повторно не се усогласи со четири декларации усвоени од Европската унија, во врска со продолжувањето на санкциите против Русија поради војната во Украина и воведувањето нови критериуми за санкционирање лица од Белорусија, објавено е на веб-страницата на Европската служба за надворешна политика (ЕЕАЅ).

Србија не се согласи со одлуката за продолжување на рестриктивните мерки против Русија за уште шест месеци, до 31 јули 2026 година, односно за додавање на уште две имиња на листата на санкционирани лица.

Таа одлука на ЕУ ја поддржаа Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Лихтенштајн, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка и Украина.

Србија не се согласи ниту со рестриктивните мерки со кои на листата на санкционирани се додаваат 41 брод, односно танкери за нафта од таканаречената „флота во сенка“.Во однос на Белорусија, ЕУ воведе нови критериуми за ставање на лита на физички или правни лица или тела одговорни за спроведување, поддршка, користење, учество во или олеснување на активности или политики што ја поткопуваат или загрозуваат демократијата, владеењето на правото, стабилноста или безбедноста, во ЕУ или нејзините земји-членки, во меѓународна организација или во трета земја.

Back to top button
Close