САД денеска службено излегува од СЗО

САД денес се повлекуваат од Светската здравствена организација (СЗО), една година откако претседателот Доналд Трамп нареди таа да се повлече од агенцијата на ОН со седиште во Женева, што нејзиниот генерален директор ја нарекува „загуба и за САД и за остатокот од светот“.
Според договорот меѓу САД и СЗО, повлекувањето стапува на сила денес откако ќе истече задолжителниот едногодишен рок за известување. Теоретски, еден од условите за повлекување утврдени во договорот не е исполнет бидејќи САД не ги платиле своите претходни придонеси во целост како што е договорено
Сепак, СЗО нема начин да побара пари или да одбие да се повлече, истакнува агенцијата ДПА.
„Се надевам дека САД ќе ја преиспитаат својата одлука и ќе се вратат во СЗО“, рече генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус во Женева, додавајќи дека овој потег е загуба за сите.






