Чорба од леќа и зеленчук

Вкусно, едноставно и брзо јадење кое ќе ни го зајакне имунитетот и убаво ќе нè стопли во текот на овие зимски денови…

Состојки:

200 грама леќа

маслиново масло

1 кромид

1 морков

1 корен од целер + стебло (листови)

1 свежа пиперка

1 праз

2 чешниња лук

2 средни компири

50 мл доматно пире

по вкус зачини: чили, сол, бибер

1 китка сецкан магдонос

 

 

Подготовка:

Добро измијте ја леќата, нема потреба да ја потопувате.Пржете го сецканиот кромид во маслиново масло додека малку не омекне, додадете ги сецканите моркови, пиперките и целерот. Кога ќе поруменат, додадете го сецканиот праз, лукот и чилито. Налејте доволно вода за да ги покрие состојките, додадете ги сецканите компири, доматите, леќата, сол и црн пипер. Посипете со магдонос, но оставете малку за крај. Гответе на тивок оган околу 20 минути, додека зеленчукот и леќата не се сварат. Додадете уште малку вода доколку е потребно, но погрижете се да остане густа. Просипете ја сварената чорба со преостанатиот сечкан магдонос пред сервирање.Сервирајте топло.

Back to top button
Close