(ВИДЕО) Мицкоски за Давос: Не бев статист – моите говори беа проследени со аплауз

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, учеството на економскиот форум во Давос го оцени како историски успешно, нагласувајќи дека неговата улога била активна и суштинска.

Тој потенцираше дека на форумот учествувал на три различни панели со луѓе од врвот на светскиот бизнис, чија вредност често се мери во трилиони долари.

„Со мене на маса беше лавниот извршен директор на „Гленкор“, потоа господинот Џо Донован кој што беше поранешниот прв човек на „IT&T“ и сегашен член на бордот на „Локид Мартин“, австрискиот канцелар, директроката на Интерпол и така натаму.„На еден од панелите, говорници со мене, бидејќи јас не бев статиста таму, или по ходници да барам селфи со учесниците на Давос, туку бев активен учесник на три панели, и морам да кажам, штета што не можеме да ги објавиме моите говори, но сите беа проследени со аплауз од страна на присутните“, истакна премиерот.

видео:4news

Back to top button
Close