(ВИДЕО) Кај Тирана е уапсен 52-годишник од скопско Копаница, баран за тројно убиство во земјава

Баран за тројно убиство во Македонија, 52-годишниот Б.Ш. од скопското село Копаница е пронајден и уапсен во Тирана.

Тој долго време се криел во Тирана, користејќи фалсификувани документи за идентификација, на име на граѓанин од Косово.

Оперативните служби во Албанија го лоцираа и уапсија осомничениот за три убиства во областа Суво езеро.

Деталната проверка покажа дека тој користел фалсификувани лични документи и возачка дозвола на име на граѓанин од Косово, лице кое го бара Македонија.

По преземените дејствија, беше спроведено привремено апсење, со цел екстрадиција.

Б.Ш. е осомничен дека на 05.10.2007 година, во село Копаница, скопско, убил тројца граѓани со огнено оружје.

При физичкиот претрес и во станот, кај овој граѓанин се пронајдени и одземени 1 косовски пасош, косовска лична карта и возачка дозвола, фалсификувани, со податоци за граѓанин од Косово.

Back to top button
Close