Агенти на ICE се обиделе да влезат во Конзулатот на Еквадор во Минеаполис

Еквадорското Министерството за надворешни работи на Еквадор тврди дека агенти на американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ) вчера се обиделе да влезат во Конзулатот на Еквадор во Минеаполис, но оти биле спречени од персоналот.

Поради тоа еквадорското МНР испрати протестна нота до Амбасадата на САД во Кито, барајќи да не се повторуваат такви инциденти.

Според меѓународното право, амбасадите, конзуларните канцеларии и другите дипломатски објекти на една земја се сметаат за суверена територија на таа нација, заштитени со дипломатски имунитет од неовластен влез од агенти на други влади

Back to top button
Close