Ѓаволот под тремот на Католичката црква: Тинејџери биле силувани во христијанска извидничка организација, стотици луѓе се жртви
Околу половина од кривичните дела се случиле за време на извиднички патувања или во кампови. Огромното мнозинство од сторителите биле мажи, при што околу половина од нив биле на возраст меѓу 18 и 24 години.

Христијанска извидничка организација во Германија е прогласена за одговорна за стотици случаи на сексуално насилство и силување врз малолетници, објави ДПА.
Студија презентирана во седиштето на Здружението на христијански извидници, протестантска извидничка организација со седиште во Касел, евидентира 344 жртви на сексуално насилство во периодот од 1973 до 2024 година, како и 161 наводен сторител.
Две третини од жртвите биле на возраст меѓу 13 и 17 години, додека, пак, 60 отсто биле девојчиња.
Марлене Ковалски од советодавното тело на организацијата за сексуална злоупотреба изјави дека насилството претставува едно од „најмрачните поглавја“ во историјата на организацијата.






