Жена се бори за живот по удар од возило во Гостивар

Вчера во 15:20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Мара Угриноска“ во Гостивар, патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(68) удрило во 55-годишната Н.Н., двајцата од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Н., констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

 

 

Back to top button
Close