Гутереш: Глобалните проблеми нема да се решат со тоа што една сила ќе ги носи сите одлуки
енералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го критикуваше геополитичкото однесување на Кина и на Соединетите Држави под претседателство на Доналд Трамп, пренесе ДПА.

– Глобалните проблеми нема да се решат со тоа што една сила ќе ги носи сите одлуки, рече Гутереш, кој се повлекува од функцијата на крајот на годината, на својата последна новогодишна прес-конференција во Њујорк.
– Ниту, пак, ќе се решат со тоа што две сили ќе го делат светот на ривалски сфери на влијание, додаде тој.
На новинарско прашање, Гутереш појасни дека под „една сила“ мислел на Соединетите Држави, а „две сили“ се однесувало на САД и Кина. Светот мора да се фокусира на „мултиполарност“, рече тој.
– Мултиполарност која е вмрежена, инклузивна по дизајн и способна да создаде рамнотежа преку партнерства. Партнерства во трговијата, во технологијата и во меѓународната соработка, истакна Гутереш.






