Стоилковиќ: Веќе нема играње на фудбал по канцеларии или спиење на работните места

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ изјави дека во Министерството работат 2.250 лица, од кои речиси 97 проценти се Албанци, што според него ја отвора дилемата за почитување на принципот на правична застапеност и за присуството на помалите етнички заедници.

Тој нагласи дека Министерството со години не ја исполнувало својата суштинска функција, посочувајќи дека во минатото имало вработени кои примале плата, а не доаѓале на работа, што довело и до судски постапки против поранешни функционери.

Стоилковиќ порача дека нема да дозволи повторување на таквите практики и дека секој што зема плата мора редовно да ги извршува своите работни обврски, без исклучоци.

Во однос на поплаките за лоши услови за работа и објавените видеа од вработени кои спијат на работните места, тој рече дека инспекцискиот надзор утврдил дека условите биле добри и дека нема основ за тие тврдења.

На крај, Стоилковиќ децидно истакна дека во Министерството веќе нема фудбал по канцелариите ниту спиење на работните места, нагласувајќи дека дисциплината и одговорноста се задолжителни

Back to top button
Close