Кардиологот Кедев се повлекол од советот на Алиу. Докторот реагира на застој во откривање на скандалот со непотребни операции на срце за профит кој тој го обелодени

Извори од министерството за Канал 5 потврдуваат дека во оставката наведена како причина за повлекувањето е застојот во започнатите контролни процеси по откривањето на скандалот со кардиоваскуларните операции каде се правеле тешки и скапи интервенции на пациенти на кои не требало да се направат.
Засега нема потврда дали и кога ќе почнат со работа комсијата со странски експерти за откривање на овој скандал.
Исто така рекација од дел од комисијата оформена од министерството за здравство е тоа што во контролните процеси не се вклучени компетентни кадри со докажан стручен и професионален кредибилитет а поставени биле доктори интернисти и доктори од судка медицина.
Скандалот со непотребно направени интервенции во приватните болници го потврди кардилогот Сашко Кедев кој во интервју објасни дека кај пациенти кои биле на контрола било увидено дека не им била потребна тешка интервнција во приватна болница за што било потрешно голема сума на пари од Фондот за здравство. Министерот за здравство не ја потврди причината за повлекувањето на кардилогот Кедев.
извор канал5 мк






