Од утре стартува „Безбеден град”, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од утре (01.02.2026) започнува со функционирање системот „Безбеден град”.  Системот ќе стартува на територија на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10 со што ќе започне со санкционирање на граѓаните кои направиле прекршок детектиран од камерите.
Во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци:
• непрописно паркирање;
• управување со брзина поголема од пропишаната;
• минување на црвено светло;
• управување на возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.
Системот „Безбеден град” е исклучително важна инвестиција во безбедноста на сите граѓани и целата држава, ќе спасува човечки животи, ќе го регулира сообраќајот, а ќе ги санкционира сите оние кои не сакаат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на сопствена штета и штета на другите учесници со сообраќајот. Камерите се поставени на критичните сообраќајни точки каде често се случуваат сообраќајни прекршоци.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за подобри, посигурни и побезбедни патишта низ државата.
Видео

 

 
 
 
 
 
 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close