Кремљ ги потврди контактите со официјален Париз за можна средба Путин – Макрон

 Кремљ денеска соопшти дека има контакти со Париз за можна средба меѓу претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон.

„Постојат контакти на оперативно ниво, но во моментов не можеме да објавиме ништо конкретно за таа тема“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Макрон вчера изјави дека се подготвува продолжување на дијалогот со Путин, објавија француските медиуми, и потсетија дека францускиот претседател во декември рекол дека би било корисно повторно да разговара со Путин за решавање на конфликтот во Украина.

Back to top button
Close