Пожарникарите стигнале во Пулс пет минути по дојавата работеле во мешани тимови – за извлекување на едно лице биле потребни најмалку двајца или тројца

Противпожарниот тим дојавата за пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја примил во 2:35 часот, а бил изгаснат околу 4 часот. Пожарникарот Благој Паунов, кој со уште еден колега пристигнале како прво противпожарно возило, на денешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведочеше дека кога пристигнале на местото на настанот пет минути по дојавата имало многу заглавени лица и само малку чад како излегува од над влезната врата, и не можеле да го видат огнот, по што согласно процедура започнале да ги извлекуваат, нагласувајќи дека работеле во мешани тимови од пожарникари, полицајци, обезбедување и цивили, бидејќи секој сам ништо не можел да направи, а за извлекување на едно лице биле потребни најмалку двајца или тројца.

Паунов кој бил дежурен таа вечер, изјави пред судот дека дојава за пожарот примиле во 2:35 часот, по што за пет минути биле на местото на настанот како прво возило со колегата Дејан Георгиев, и почнале со извлекување на заглавените лица во дискотеката. Потоа како второ возило пристигнал и сменскиот командир и уште еден колега, а по нив и останатите колеги со уште две возила.

 

-По пристигнување на местото бевме упатени од полициски службеници и ни направија место да се паркираме непосредно до дискотеката. Кога излеговме, на самиот паркинг имаше многу луѓе, од кои и доста паднати. Паднати имаше и на скалите, а на влезната врата имаше и заглавени повеќе лица кои бараа помош, изјави пожарникарот Паунов.

 

Кога пристигнавме на местото, вели, имаше само малку чад како излегува од влезната врата, ние не можевме да го видиме огнот. Од искуство мислам дека бил пригушен и поради немање кислород не можел да се шири огнот.

 

-Но нашата стандардна процедура е најголем приоритет спасување човечки животи. Ние не гледавме пламен, моравме да ги извадиме лицата. И кога дојде и вториот тим и тие извлекуваа прво, зошто не можеа да пуштат линија. Веднаш пристапивме кон извлекување на лицата заглавени на влезната врата. Кога извадивме едно лице моравме да побараме помош од полицијата и двете лица од обезбедувањето и цивилни лица. И така во мешовити тимови почнавме да ги извлекуваме децата. Послабите полесно, а покрупните потешко и секој различно реагираше. Некои беа избезумени, во шок и грч и моравме да ги носиме до паркинг. Други, пак од паника газеа врз нас и други деца за да излезат. Кога го поднамаливме бројот, во тој момент веќе приметив дека пристигна брзата помош како и повеќе цивили и дека почнале да ги носат до болница, изјави сведокот.

По укажување дека и во билетарата има заглавени лица, пожарникарот кажа дека се пробил и во билетарата затекнал над десет лица кои веќе лежеле и не давале никави знаци.

-Излегов и побарав помош. Откако ги извлековме сите имаше друга врата, помала во која имаше многу деца заглавени. Кога излеговме веќе приметив дека се пристигнати сите мои колеги и пуштени сите линии и почнато со гасење, изјави сведокот.

Потоа влегол внатре, бидејќи им кажале дека има заглавени и кај тоалетот, и од таму почнал да извлекува заглавени лица.

 

– Потоа веќе бев изнемоштен и не можев повеќе да извлекувам лица и побарав замена и земав да гасам. На крајот од интервенцијата мислам дека беа извлечени уште две или три тела кои беа изгорени, изјави сведокот.

 

Пожарникарот рече дека не видел лично на часовник, но пожарот, од разговорот со колегите бил изгаснат во 4 часот.

Обвинителството, пред почетокот на денешното рочиште, се произнесе во однос на предлогот за обвинетиот Беким Хаџиу, предлагајќи му на Судот, доколку има доволно медицинска документација, бидејќи тие немаат, тогаш да направи замена на мерката со поблага.

Судот по ова, најави дека ќе се произнесе дополнително.

 

На крајот на минатото рочиште, бранителката на обвинетиот службеник во Министерството за економија, Беким Хаџиу, адвокатката, Софија Лаличиќ, побара на нејзиниот клиент да му биде укината мерка притвор.

 

Според Лаличиќ, Хаџиу е единствениот од Министерството за економија во притвор и во повеќе наврати изминатите 10 месеци била нудена гаранција. Последен пат била понудена гаранција од еден милион и 260 илјади евра во недвижности, за кои наглсеи, ги дале семејството и пријателите на Хаџиу.

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на првообвинетиот газдата на дискотеката Пулс Дејан Јованов Деко, реагираше пред Судот на тоа што се случи на минатото рочиште кога, како што рече, била направен директен притисок врз сведокот од страна на Обвинителството, што потоа предизвикало небулозни изјави, јавен линч и страв кај секој еден сведок што доаѓа да сведочи во иднина.

 

Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевски и се наоѓа во доказна постапка со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.

За денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани уште четворица сведоци.

На почетокот на процесот, во воведното излагање, обвинителот Борче Јанев истакна дека судењето е чекор кон утврдување на лична и институционална одговорност, нагласувајќи дека општеството мора да се соочи со вистината – кој дозволил, кој молчел и кој не спречил да се случи трагедијата во „Пулс“. Тој порача дека не е важно само кој го запалил огнот, туку и кој имал можност да го спречи, посочувајќи дека трагедијата не е резултат само на пиротехниката, туку на долгогодишни системски пропусти, институционален молк и недостиг на контрола што ја претвориле дискотеката во „смртоносна стапица“.

 

Јанев нагласи дека се бара правда, не како одмазда, туку како последица на незаконитост и занемарена должност. Повеќемина обвинети, преку своите адвокати, ја оспорија основаноста на обвинението. Нивните одбрани тврдат дека обвинетите не презеле дејствија што би можеле да доведат до пожарот, дека поседувале валидна документација и дека трагедијата е резултат на институционални пропусти, а не на индивидуална вина. Одбраната најави изведување докази и сведоци што, според нив, ќе ја потврдат оваа теза.

Во воведен збор, одбраната на првообвинетиот сопственик на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов, истакна дека и по девет месеци притвор не може да поверува во трагедијата и дека како родител никогаш не би дозволил небезбедни услови во клубот. Неговиот син, третообвинетиот Михаил Јованов, преку одбраната тврди дека против него нема ниту еден доказ и дека е обвинет само затоа што е член на семејството Јованови.

 

Сите останати обвинети изјавија дека не чувствуваат вина за делото што им се става на товар.

 

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита. аа/вг/

 

Фото:МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Кривични пријави и одземени возила на две лица кои учествувале во сообраќајка во Охрид

МКД

Кривични пријави и одземени возила на две лица кои учествувале во сообраќајка во Охрид

Левица: Предлог – закон за департизација и искоренување на непотизмот во јавното здравство

МКД

Левица: Предлог – закон за департизација и искоренување на непотизмот во јавното здравство

Објавен тендер за избор на изведувач за модернизација на граничниот премин Евзони

МКД

Објавен тендер за избор на изведувач за модернизација на граничниот премин Евзони

ДПД Кочани доби ново противпожарно возило како донација од Германија

МКД

ДПД Кочани доби ново противпожарно возило како донација од Германија

Зголемен бројот на крводарувања во Куманово

МКД

Зголемен бројот на крводарувања во Куманово

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на претседателот на Собранието, Гаши, во Вашингтон

МКД

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на претседателот на Собранието, Гаши, во Вашингтон

Д-р Божиновски за МИА: Пушењето предизвикува последици и кај нервниот систем, пушачите може да доживеат и анксиозност кога имаат потреба од цигари

МКД

Д-р Божиновски за МИА: Пушењето предизвикува последици и кај нервниот систем, пушачите може да доживеат и анксиозност кога имаат потреба од цигари

Конкурс за избор на невеста и зет на „Галичка свадба 2026“

МКД

Конкурс за избор на невеста и зет на „Галичка свадба 2026“

 

 

 

 

 

Избор на уредникот

Д-р Божиновски за МИА: Пушењето предизвикува последици и кај нервниот систем, пушачите може да доживеат и анксиозност кога имаат потреба од цигари

МКД

Д-р Божиновски за МИА: Пушењето предизвикува последици и кај нервниот систем, пушачите може да дожив…

Од Рената

09:57, 5 февруари, 2026

Мицкоски: 25 милиони евра за зелена и конкурентна иднина на македонските компании

Мицкоски: 25 милиони евра…

 

Од Мирјана

13:33, 4 февруари, 2026

Мицкоски: Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата

Мицкоски: Владата нуди св…

 

Од Александар

12:43, 4 февруари, 2026

Браќата и сестрите на Гоце, но и нивните деца, сведоци на каузата за која тој се борел

Браќата и сестрите на Гоц…

 

Од Слободан

11:43, 4 февруари, 2026

 

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан

Facebook

Youtube

Twitter

Wiki

Instagram

За Миа

Импресум

Маркетинг

Јавни набавки

Инфо од јавен карактер

Оглас

 

Услови на користење

Изјава за приватност

Политика

ISO Политика

Дописници

Оргинални текстови

Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Медиумска информативна агенција. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на МИА е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Северна Македонија. Правен консултант и застапник: адвокат Милена Велјаноска – Стоиловска. Изработено од Кјуб Системи

 

 

 

 

© 2022-2025 Медиумска информативна агенција

Back to top button
Close