Завршува ерата на билатерални договори за ограничување на нуклеарното оружје

И покрај несогласувањата дали Договорот Нов СТАРТ (Strategic Arms Reduction Treaty) помеѓу САД и Русија истече на полноќ или ќе престане неговата важност за неколку часа, светот влегува во нова фаза на нерегулирана нуклеарна трка. Додека Москва изразува жалењето поради што не е постигнат нов договор или пак продолжување на важноста на постоечкиот, САД не сакаат билатерален договор и бараат во идните договори за ограничување на нуклеарното оружје да биде вклучена и Кина.

Кремљ денеска соопшти дека Русија ќе продолжи со одговорен пристап кон стратешки нуклеарната стабилност и покрај што истече Договорот за контрола на нуклеарното вооружување.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков наведе дека Договорот Нов СТАРТ, со кој досега се ограничуваше бројот на ракети, лансери и стратешки боеви глави истекува на крајот на денот, додека експертите наведуваат дека Договорот важеше до полноќ.

– Со крајот на денешниот ден престанува тој (Договорот) да има каков било ефект … Договорот се приближува кон крајот, на тоа гледаме негативно и изразуваме жалење, наведе Песков.

Тој додаде дека што понатаму ќе се случува зависи од развојот на настани.

– Во секој случај Руската Федерација ќе го задржи својот одговорен и внимателен пристап по прашањето за стратешката стабилност во областа на нуклеарното оружје и секако, како и секогаш, пред се ќе се водиме од своите национални интереси, посочи Песков.

Рускиот и американскиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и Марк Еспер денеска разговара за кризата на Блискиот Исток.

Москва загрижена, Вашингтон рамнодушен

 

Претседателот на Русија, Владимир Путин во септември минатата година предложи ограничувањата на стратешкото оружје предвидени во Договорот да важат најмалку една година по неговото истекување, но САД сè уште не одговорија на неговиот предлог.

И додека Москва изразува загриженост за истекот на Договорот, од САД нема никаква реакција.

Претседателот на САД, Доналд Трамп минатиот месец изјави: „Ако истече, нека истече … со текот на времето ќе постигнеме подобар договор“.

САД имаат свои причини за напуштање на Нов Старт бидејќи сакаат во идните договори да биде вклучена и нуклеарната сила во подем – Кина.

Песков посочи дека за истекот на Договорот вчера Путин разговарал со кинескиот претседател Шји Џјинпинг.

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека секој договор за контрола на нуклеарното оружје со Русија мора да ја вклучи Кина.

Претседателот (Доналд Трамп) јасно стави до знаење во своите претходни изјави дека за да се постигне вистинска контрола во вооружувањето во 21 век, невозможно е да се дејствува без учество на Кина поради нејзиниот значаен и растечки арсенал, посочи Рубио.

Додека Путин навести дека е отворен за преговори, но неговиот кинески колега Џјипинг не е подготвен за разговори бидејќи неговата цел е да постигне паритет со САД и Русија.

Повеќе од 5 милијарди луѓе би умреле од глад по евентуалната нуклеарна војна меѓу САД и Русија, а дури и ограничен нуклеарен судир меѓу Индија и Пакистан би го десеткувало земјоделското произ

Мрачен момент за меѓународната безбедност и мир

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш истекувањето на Договорот Нов СТАРТ го оцени како мрачен момент за меѓународната безбедност и мир и ги повика Москва и Вашингтон што е можно побрзо да постигнат нов договор за контрола на оружјето за масовно уништување.

 

– Првпат по повеќе од половина век се соочуваме со свет без никакви обврзувачки ограничувања за стратешките нуклеарни арсенали на Русија и САД – двете земји кои поседуваат огромно мнозинство од нуклеарното оружје во светот, истакна Гутереш.

 

Тој додаде дека губењето на децениските придобивки од контролата на оружјето „не може да дојде во полошо време“ и предупреди дека заканата од употреба на нуклеарно оружје никогаш не била поголема.

Министерството за надворешни работи на Русија вчера соопшти дека по истекувањето на Договорот Нов СТАРТ земјите потписнички повеќе не се обврзани со обврски или симетрични декларации и оти се слободни да ги изберат своите следни чекори.

– Во сегашните околности, тргнуваме од фактот дека страните од Нов СТАРТ повеќе не се обврзани со никакви обврски или симетрични декларации во рамките на Договорот, вклучувајќи ги и неговите клучни одредби, и во принцип се слободни да ги изберат своите следни чекори. Русија има намера да дејствува на одговорен и избалансиран начин и дека ќе ја развива својата политика во областа на стратешкото офанзивно оружје врз основа на детална анализа на американската воена политика и целокупната состојба во стратешката сфера, се наведува во соопштението од руското МНР.

Договорот Нов СТАРТ е потпишан во 2010 година и е последен договор помеѓу Русија и САД за контрола на вооружувањето, арсеналите на двете земји беа ограничени на максимум 1.550 распоредени боеви глави и максимален број на носачи на ракети и тешки бомбардери на 800. Тоа беше речиси 30 проценти помалку нуклеарно оружје од претходната граница од 2002 година.

Back to top button
Close