Уапсен е и втор осомничен за фрлената бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Во Србија вечерва беше уапсен М.А.(23), второ осомничен за фрлање бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград, објавува „Блиц“.
Тој е осомничен дека му помогнал на прво уапсениот С.М. за бомбашкиот напад врз куќата на познатиот пејач во Дедиње.
Предизвикана е голема материјална штета, а најважно од сè, нема повредени. Мотивот за нападот е непознат, како и дали Здравко Чолиќ бил вистинската цел на нападот.
Нападот врз куќата на семејството на Чолиќ се случи околу пет часот наутро во вторникот, 3 февруари.
Нема повредени, а истрагата е во тек.






