Норвешката принцеза Мете-Марит им се извини на кралот и кралицата за пријателството со Епстин

Норвешката принцеза Мете-Марит, сопруга на престолонаследникот Хаакон, денеска повторно се извини за пријателството со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, во еден од неколкуте скандали што го погодија кралското семејство на оваа нордиска земја.
„Исто така, се извинувам за ситуацијата во која го доведов кралското семејство, особено кралот и кралицата“, рече Мете-Марит во соопштение објавено од кралската палата.
Новите досиеја за Епстин, што минатата недела ги објави американското Министерство за правда, ја вклучуваат и обемна е-пошта преписка помеѓу Мете-Марит и Епстин откако тој беше прогласен за виновен за сексуални злосторства врз деца во 2008 година.
Мете-Марит, сопруга на синот на кралот Харалд, принцот Хаакон, претходно се извини за одржувањето контакт, велејќи дека направила лоша проценка.
Норвешкиот премиер во понеделник изјави дека Мете-Марит и други истакнати Норвежани именувани во најновите објавени документи за Епстин треба да дадат повеќе детали за нивните контакти со престапникот.
Норвешкото кралско семејство веќе се соочува со неколку предизвици, а најчувствителен е случајот на Мариус, син на Мете-Марит од врската што му претходеше на нејзиниот брак со престолонаследникот Хаакон, моментално е на судење за силување и семејно насилство.






